top of page

Што навистина сакаш кога никој не бара ништо од тебе?

За вината, желбите и личните граници


Има еден редок момент во денот. Моментот кога сите заспале, телефонот нема батерија, садовите се веќе измиени, а машината не довршила со перење.

Некако, за првпат после долго време, никој ништо не бара од тебе.


Не е викенд. Не е слободен ден. Не е планирана пауза.

Само неколку минути во кои не мораш да си во тек, да реагираш или да организираш нешто или некого.

Па да те прашам: што правиш тогаш?


Лични граници, како да поставам граници, психотерапија Скопје, психолог, псохолошко советување онлајн. 
Licni granici, kako da postavam granici, psihoterapija Skopje, psiholosko sovetuvanje onlajn
Неколку минути само за себе. Како ќе ги поминеш?

Прво доаѓа вината

Ако си од оние што секогаш се одговорни - за сè и за сите - може да ти е непријатно дури и со кратката слобода.


Често, слободното време не изгледа како простор, туку како празнина што мораш да ја пополниш. Во тие неколку тивки минути, мислите звучат познато:

„Може треба да го изрибам купатилото додека е мирно…“

„Сигурно нешто заборавам.“

„Зар навистина може да се опуштам?“


Како да имаме страв од мирување. Или поточно, од неправење ништо. Но, што ако во суштина, тоа е само преголем контраст од „температурата“ во која сме навикнати да живееме? Како, на пример, влегувањето од летната горештина надвор во соба што е климатизирана на 15 степени, жештината на дневните саати во кои сите нешто бараат од нас наспроти овој неприродно тивок момент на самотија...


Потоа доаѓа гласчето

А што ако го набљудуваш стравот, таков маскиран во „ама треба...“ или во отворена вина, од подалеку и ако го пуштиш да помине? Без анализа, без вина за вината, ако го оставиш телото да ти каже што сака, што ќе се појави?


Тивкото гласче.


Желбата.


Можеби ќе сакаш само да седиш.

Или ќе замислиш како си некаде далеку, каде што никој не те знае.

Можеби ќе посакаш некој да ти направи кафе. Без да му кажеш.


Таа неочекувана желба – толку тивка, а толку упорна – си ти. Без улога, функција или маска. И таа автентичност е толку кревка што одеднаш може да отвори порти на лавината тага, насобрана од секоја желба која не си си ја дозволила кога си била потребна на некој друг, па си ја замрзнала како мала снегулка.


Зошто веќе не можеш да ја доживееш слободата без вина?

Нема здрав однос без граници, ова ќе ти го каже секој коуч, терапевт, секој мотивациски инста профил. Она што нема кој да ти го каже е како може да изгледаат твоите граници сега, после месеци или години откако биле целосно избришани.


Со другите можеш да имаш:

  • прекрути граници - далечност, изолација

  • препропустливи граници - претопеност, емоционална инвазија

  • функционални граници - јасни, но доволно флексибилни

    за да дозволат контакт и личен простор.


Ние мајките, сме во животна фаза и улога кои бараат од нас да одржуваме препропустливи граници. Семејната динамика во семејство со бебе или тодлер (џагуре е на македонски, но да не ситничарам...) целосно ги конзумира нашите енергија, време и емоционалната достапност како ресурси. Не само што ги конзумира, туку и не може да опстои без нив.


Дополнително: ако не се распоредуваат свесно и намерно, жената ги „наследува“ сите обврски по дифолт, поради класичното балканско патријархално воспитување на генерации и генерации наши предци, па и на самите нас.


И дури и тогаш кога сите те оставиле на мир – ти самата си продолжуваш да си бараш окупација. Да си должиш. Да се оптоваруваш.


Од друга страна, западните наративи кои продаваат производи и животен стил базиран на СЕЛФ-КЕР ти даваат чувство дека слободата е само уште една помала листа со задачи.


Знак дека нешто ја преминува твојата граница

Ако немаш граници, не знаеш каде завршуваш ти, а каде почнуваат другите. А реално другите не ти бараат многу. Бараат „само уште ова“, „само сега“, „само набрзинка, дури си веќе таму“...


Тоа „само ова“ доаѓа во пакет со:

„Ти си побрза.“

„Ама ти си дома.“

„Ама само со тебе сака.“


И можеби навистина не личи на големо барање.

Но, ако после тоа си уморна, празна или лута – тогаш тоа е знакот било повеќе отколку што си можела да дадеш.

Лични граници, како да поставам граници, психотерапија Скопје, психолог, псохолошко советување онлајн. 
Licni granici, kako da postavam granici, psihoterapija Skopje, psiholosko sovetuvanje onlajn
Како знаеш дека некој ја преминал твојата граница? Каде го чувствуваш тоа во телото?

На системски јазик, ова значи дека некој ја преминал твојата емоционална или функционална граница.


Ако не ги заштитиш, твоите ресурси (енергија, време и внимание)

ќе ти се излеат низ дупнатите граници, а тебе ќе те снема.

Лични граници, како да поставам граници, психотерапија Скопје, психолог, псохолошко советување онлајн. 
Licni granici, kako da postavam granici, psihoterapija Skopje, psiholosko sovetuvanje onlajn
Како си ја штитиш слободата и енергијата?

Во системската терапија, слободата не е само отсуство на барања.

Таа е ресурс околу кој се гради и стабилизира балансот на нашето семејство. И само кога ќе се интегрира така што ќе стане столб и вредност на семејството, само тогаш ќе престане да ни го исфрла бракот од колосек и да ни се коси со мајчинството.


Ако ти треба поддршка или осветлување на патот по кој ќе трагаш по промената која ти е потребна, на вистинското место си. Само пиши на Вибер (+38977859706) или на Инстаграм (@domasolea) и ќе добиеш повеќе информации на кои сè начини можеш да работиш со мене.

 
 
 

Comments


Остани поврзана - Остави емаил

Сакаш повеќе вакви содржини? Придружи се на мојата мејлинг листа

и добивај ресурси директно во твоето сандаче.

  • TikTok
  • X
  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • LinkedIn

© 2025 Леа Ризаова                     design by: Ana Iliana

bottom of page