top of page

Бананите не се храна, @#$%!

На Балканот, со генерации наназад, родителството се водело според правила кои денес ни звучат застарено, а тогаш се сметале за нормални и исправни, па дури и неопходни за живот.


На пример, памтиме како кога ни доаѓале гости, нашата главна задача била да си седиме мадро, да бидеме тивки и послушни, како некаков украс, а не како свои луѓе. „Децата се за гледање, не за слушање.“ - можеби знаеле да кажат нашите во такви моменти. Сите сме го слушнале и познатото„Зашто јас така реков.“ како одговор на нашите детски прашања во врска со некои семејни одлуки и правила. Било какво преиспитување на она што ни го кажуваат родителите било сфатено како дрскост и непочит. Во најлошите случаи, нашите искрени прашања биле пресретнати со влечење за уво или закани за каишот или прачката што ќе „заиграат“ ако не сме послушни.


свесно родителство, свекрва, комуникација, воспитување, психотерапија, советување, семејна терапија Скопје, svesno roditelstvo, svekrva, komunikacija, vospituvanje, psihoterapija, sovetuvanje, semejna terapija Skopje
Како деца, немавме право на глас за скоро ништо во семејството.

Во многу семејства ова не биле само изреки, туку секојдневна реалност. Разговорот со детето ретко се сметал за важен, а наместо тоа се ценела покорноста, тишината, дисциплината. Детската автономија била занемарена и потисната. Може и да сте растеле во семејство во кое никој не дигал рака на децата, но зборовите болеле повеќе од шлаканица.


Зошто тогаш тоа имало смисла?

Системски гледано, нашите родители и баби и дедовци често живееле во услови на несигурност и недостиг. Слушањето и брзото извршување на наредбата можело да значи безбедност - да не се повредиш, да не создадеш дополнителен трошок за семејството, да не предизвикаш срам во заедницата. Физичката казна, колку и да изгледа сурово денес, тогаш се доживувала како средство за одржување ред и „воспитување“ на дете кое морало брзо да се вклопи во системот.


И така, како деца научивме дека нашето мислење не е важно, дека љубовта се заслужува со покорност, дека границите ни се таму кај што ќе ги постави некој друг, посилен. Денес, како родители, во себе ја носиме истата таа лојалност кон минатото, потсвесно верувајќи дека мора да постапуваме „како што е редот“.


Откажување од лојалноста

Да се биде свесен родител не значи да се осудуваат претходните генерации, туку да се препознае нивниот контекст и да се одлучи што од тој багаж ќе понесеме со себе, а од што е време да се откажеме. Лојалноста кон родителите и нивниот начин на воспитување може да биде многу силна - толку силна што често ја мешаме со љубов. Но, љубовта не бара слепо повторување на истите модели на однесување. Љубовта бара раст, ширина, креативност. Љубовта бара да кажеме:


„Ви благодарам за сè што направивте.

Јас ќе одам по поинаков пат.“


свесно родителство, свекрва, комуникација, воспитување, психотерапија, советување, семејна терапија Скопје, svesno roditelstvo, svekrva, komunikacija, vospituvanje, psihoterapija, sovetuvanje, semejna terapija Skopje
Понекогаш скршнувањето од патот не води кон провалија, туку кон нови хоризонти и полиња.

Бананите не се храна, глупачо!

Едно утро се будам подоцна, сè уште уморна. Децата станале, татко им излегол на работа, денот почнал без мене. Затекната, им велам „Сигурно сте гладни“.


„Не мамо, јадевме доручек!“ гордо ми вели ќерка ми.


„Навистина? Што јадевте?“


„Јадевме банана“ - вели таа и чека да бидам импресионирана.


Бананите не се храна глупачо!“ одѕвонува лутиот глас на мајка ми во мене. Го чекам да помине. Подголтнувам, да не случајно излезе таа реченица ако отворам уста. „Браво злато“ велам, и прикрпувам насмевка неколку секунди подоцна, кога е безбедно да зборнам.


„Да земам да направам вистински доручек, што побрзо“ си велам пак во себе, и чувствувам срам и вина како испаруваат од мене и ми лепат етикета „НЕМАЈКА“ на чело. И сфаќам што направив. Сфаќам што се случи, и што сум моќна да направам за новата генерација!


Чии се овие наследства и зошто им служеле?

Еве ме, неколку години од оваа случка, сè уште се чудам чив е тој срам:

Чиви се тие вредности околу храната и фрустрации на некој што одгледувал Нe̶j̶a̶дa̶чи - деца кои пројавувале симптом во исхраната.


Чија е таа недоволност за која осеќам вина во сопствениот дом, еднаш кога случајно сум се успала и цело семејство сложно одлучило дека треба мама да поспие уште малце.


Чиј е тој страв дека не сум доволна, дека не им требам, ако едно утро јаделе тоа што си нашле на маса.


Мои не се, иако може нема да дознаам чии се и како настанале. Свесна дека носам куфери што не се мои, најмалку што можам да направам е да не им ги „тупнам“ на децата.


Новиот избор

Нашите деца растат во друго време. Уште поважно, растат за да бидат возрасни во време кое не можеме ни да го замислиме. Како што никој не можеше да ги подготви нашите родители за транзицијата после Југославија, така и ние не можеме да подготвиме деца за иднина што не ја очекуваме. Но не сме беспомоѓни, сепак можеме да направиме толку многу за нив. Нивната безбедност не зависи од тоа дали ќе молчат, туку од тоа дали ќе умеат да разговараат. Нивната иднина не се гради со покорност, туку со способност за критичко мислење, емпатија и јасна комуникација.


Откажувањето од старите лојалности е тешко затоа што бара да ја одболиме старата болка и да си признаеме дека тоа што тогаш ни изгледало нормално, не било баш најздраво. Но, токму тоа признавање е патот кон новата форма на лојалност - лојалноста кон нашите вредности, нашите деца и нивниот развој во здрави, автономни и стабилни луѓе.


свесно родителство, свекрва, комуникација, воспитување, психотерапија, советување, семејна терапија Скопје, svesno roditelstvo, svekrva, komunikacija, vospituvanje, psihoterapija, sovetuvanje, semejna terapija Skopje
Можеме да си бидеме верни на себе без да ги изневериме родителите.

Ова е темата што ќе ја обработам и на Конференцијата за свесно родителство, на 4 октомври од 20:00-21:00 ч., во предавањето „Кој кого одгледува? Справување со баби и дедовци“. Уште си немате земено карта?



Ако си набавите карти преку погорниов линк, ќе си добиете интерактивен прирачник за комуникација со бабите и дедовците, како и две бесплатни онлајн сесии (индивидуални, партнерски или семејни) од 60 минути. Само препратете ми го мејлот за потврда на domasolea@gmail.com и проверете си го инбоксот наредниот ден.


Се гледаме наскоро!

 
 
 

Comments


Остани поврзана - Остави емаил

Сакаш повеќе вакви содржини? Придружи се на нашата мејл листа и добивај ресурси директно во твоето сандаче.

  • TikTok
  • X
  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • LinkedIn

© 2025 Леа Ризаова                     design by: Ana Iliana

bottom of page