top of page
Smiling Woman

​БАБИ БЕЗ МЕШАЊЕ

Прирачник за мајки

Интерактивен прирачник за мајки кои сакаат спокојни односи во семејството. На нашите деца можеме да им пружаме сè, но не и гарантирани добри релации со другите возрасни луѓе кои можат да бидат од клучно значење за нивниот развој. Моите клиенти често велат дека нивните родители не беа толку присутни во нивното детство, како што беа баба и дедо. А, сега, кога е време тие родители да бидат такви баба и дедо ...

Секое семејство е различно

Толку многу се залагаме да им овозможиме одлични услови за развој на нашите деца. И колку повеќе лични успеси бележиме во улогата на родител, толку помалку сме прифатени, разбрани, поддржани од претходните генерации. Ќе се прашуваме „зошто, нели сте на наша страна?“ Вистина е дека имаме заедничка цел, здраво и добро одгледано поколение. Вистина е и дека и тие си ги сакаат децата исто толку многу колку што ние си ги сакаме нашите деца. Но, често семејните системи носат „кодови“ кои се застарени и кои низ генерации обезбедувале успех за системот. 

Child Using Phone

БАБИ БЕЗ
МЕШАЊЕ

ПРИРАЧНИК

ЗА МАЈКИ

Секое семејство е различна територија, и за секое може да се нацрта посебна мапа. Но, правилата за читање мапи се универзални. Семејните улоги се универзални, и со разбирање на неколку основи од системската терапија, секоја интелегентна особа може лесно да препознае каде се губи мирот и што може да преземе денес за таа динамика да запре.

Интерактивно искуство

Овде не станува збор за обичен PDF прирачник. Колку пати до сега си спуштила PDF само за да остане некаде снимен во телефон или во download фолдерот на твојот компјутер?

Овој прирачник е интерактивен, надополнуван со feedback, искуства и нови сознанија. Го добиваш како „жив“ линк кој можеш да си го пратиш на секоја платформа и да го отвориш на секој уред. 

- Баби без мешање - 
Прирачник за мајки

Што добиваш со прирачникот?

  • Добиваш предлог за најчести причини за недостаток на разбирање и поддршка од страна на конкретна баба или дедо во твоето семејство.

  • Добиваш предлог сценарија во кои можеби ќе се препознаеш и конкретни фрази кои што ќе донесат нова динамика во комуникацијата со тие луѓе.

  • Добиваш две вежби кои можеш да ги изведеш сама што ќе ти помогнат да дојдеш до појасна перспектива на твојата моментална семејна ситуација.

  • Вашите родители заслужуваат да доживеат длабока старост исполнета со радост и блискост со своите внуци, а ти заслужуваш поддршка и разбирање какво што ти е потребно токму сега кога се чувствуваш како да ти е најтешко. Твоите деца заслужуваат незаборавни моменти и позитивни сеќавања со најблиските претци кои ќе останат со нив за цел живот. 

Пиши ми!

  • TikTok
  • X
  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • LinkedIn

© 2025 Леа Ризаова                     design by: Ana Iliana

bottom of page