Љубовта е одлична причина да учиме и да се менуваме
- leonidabassa
- Nov 5
- 2 min read
Updated: Nov 8
Постојат многу начини на кои може да се искаже љубот во едно семејство. Некој покажува љубов преку грижа и совети, некој со трпеливост и слушање, некој, пак, со поддршка од далечина. Понекогаш се случува токму најблиските, како на пример нашите родители, да ни мислат најдобро но тоа да не го покажуваат на начин кој е навистина од помош.

Тоа не значи дека баба и дедо не нè сакаат. Напротив. Често значи дека припаѓаат на едно друго време, во кое љубовта се покажувала на поинаков начин. Кога родителството било повеќе околу ред и послушност, а помалку за поврзаност и емоции.
Денес многу од нас, младите родители, се обидуваме да создадеме генерации кои се емоционално подготвени за брзопроменливиот свет кој ги очекува. И тоа бара и нов баланс во овие односи. Да ја задржиме топлината и искуството на повозрасните, но и да воведеме повеќе разбирање, мир и присутност во одгледувањето на децата.
Во последниот мој пост за Kiddomedo, одговорив на 4 прашања од нивните читателки - токму на теми поврзани со бабите и дедовците,и со различни ставови за воспитување.
Дали и тебе те интересира како да изградиме однос во кој сите можат да бидат дел?
Понекогаш е потребно само да кажеме: „Ти благодарам што сакаш да помогнеш“ и во исто време да останеме доследни на тоа што ние веруваме дека е добро за нашите деца. Не затоа што веруваме дека сме или не сме во право, туку затоа што ние сме нивните родители, а децата најмногу учат кога возрасните околу нив се спокојни и усогласени. Едноставно е но не е лесно, знам.

Убедена сум дека секое семејство може да го најде својот баланс меѓу традиционалното и модерното, затоа што токму во ова им помагам на 63 семејства до сега. Љубовта не мора да изгледа исто за сите, но секогаш може да биде место каде сите се чувствуваат видени и прифатени. Ако ова те потикнува да размислуваш, погледни го мојот пост што го објавија на Kiddomedo.
Ако сакаш да дознаеш повеќе за овој конструктивен пристап, погледни го и курсот „Што навистина значи мир во куќа - и како се гради“. Го создадовме заедно со Данче Азманова Мирчевска и тоа на база на истражување и искуства споделени во заедницата на Working mom.

