top of page

Две вистини за бабите и дедовците

Како возрасни деца, понекогаш ни е тешко да помириме две вистини: благодарноста за нашите родители кои ни овозможиле да пораснеме во свои луѓе, и фактот што и покрај тоа, тие нема секогаш да бидат баби и дедовци какви што сме посакувале.


Жртвите што ги направиле


Нашите родители направиле многу за нас. Кога почнал нивниот зрел живот, Југославија веќе влегувала во економска нестабилност и политички превирања. Многумина работеле по две смени за плата која секој месец сè помалку вредела, стоеле во редови за масло или детергент и се мачеле да ја преживеат инфлацијата на 90-тите. Раѓале деца во време кога иднината одеднаш станала неизвесна, кога сигурноста од нивното детство исчезнала, а новиот систем сè уште не бил ни поставен ни јасен.


Не било ниту лесно ниту романтично, ама правеле сè што знаат и умеат за да нè изведат на прав пат. И денес имаме многу повеќе избори и слобода токму затоа што тие често ги немале.


баби и дедовци, лични граници, како да поставам граници, семејно советување скопје, психолог, психотерапија, психолошко советување онлајн, babi i dedovci, licni granici, kako da postavam granici, semejno sovetuvanje skopje, psiholog, psihoterapija
Нашите родители се родиле во Југославија и кога дошло време да имаат свои деца, федерацијата трагично се распаднала.

Ограничувањата што ги носат


Истите тие родители, со сета своја љубов и посветеност, сега се влезени во улога на баби и дедовци со свој багаж. Нивниот начин на размислување, нивните уверувања и културни навики понекогаш се во судир со нашите вредности и со свесното родителство што сакаме да го практикуваме, кое им личи на некакви „модерни глупости“. Некогаш нивната љубов изгледа како контрола, а нивната желба да помогнат како мешање. И тоа боли бидејќи ги сакаме, а сепак се чувствуваме како да не нè почитуваат, па макар и како намерно да нè саботираат.


Кога улогата се трансформира


За нашите родители, влегувањето во улога на баба и дедо не е автоматско. Лесно е да се заборави дека и за нив ова е нова животна фаза, во која треба да најдат ново место во семејниот систем. Порано биле центарот, главниот столб, а сега нивната улога е да ни дадат поддршка, наместо да одлучуваат во наше име. И тоа е тежок премин - и за нив, и за нас.


Нашата задача како родители е двојна: да го признаеме нивниот придонес и пожртвуваност, а истовремено да ги заштитиме границите и автономијата на нашето младо семејство. Благодарност и јасност, почит и одговорност - кој вели дека не може и двете во исто време?


баби и дедовци, лични граници, како да поставам граници, семејно советување скопје, психолог, психотерапија, психолошко советување онлајн, babi i dedovci, licni granici, kako da postavam granici, semejno sovetuvanje skopje, psiholog, psihoterapija
Само со јасна комуникација секој во семејството ќе си припадне на своето место.

Да ја оджалиме бабата што ја немаме


Есента е време кога лисјата паѓаат и ни го откриваат дрвото такво какво што е. Затоа е добар момент да ги погледнеме нашите семејни односи без украсите на идеалните слики. Да признаеме дека ни недостига поддршката што ни треба. Да прифатиме дека можеби никогаш нема да имаме баба што ќе покаже мудрост и трпение или дедо што ќе има сила да трча со внуците. И да си дозволиме да ја почувствуваме оваа загуба дури и ако тие луѓе во таа форма во која што ни се потребни, никогаш не било ни опција да се дел од нашата реалност.


Жалењето по она што сме го загубиле не е отфрлање, туку прифаќање на реалноста.


И токму тоа ни овозможува да се поврземе со бабата и дедото што навистина ги имаме, на начин што не ги загрозува нашите принципи и ни овозможува да останеме доследни кон себе и кон нашето родителство. Кога ќе ги прифатиме двете вистини за бабите и дедовците, ја гледаме целата слика. Од таму можеме да градиме однос што е реален, сочувствителен и здрав, како за нас, така и за нашите родители, и за нашите деца.


баби и дедовци, лични граници, како да поставам граници, семејно советување скопје, психолог, психотерапија, психолошко советување онлајн, babi i dedovci, licni granici, kako da postavam granici, semejno sovetuvanje skopje, psiholog, psihoterapija
Вистинската баба од крв и месо е подобра од идеалната, дури и кога се мршти.

На оваа тема ќе зборувам поопширно на Конференцијата за свесно родителство на предавањето „Кој кого одгледува? Справување со баби и дедовци“ (сабота, 4 октомври од 20:00-21:00 ч.). Новитетот оваа година е што конечно ќе се сретнеме и во живо на последниот, петти ден од конференцијата во хотелот „Мериот“. Ќе биде баш моќен начин да го заокружиме четвртото издание на оваа конференција која толку многу ни донесе и нè поврза. Ако сакате да ме слушнете мене и другите прекрасни и многу искусни предавач(к)и, тука може да си земете карти:



Со секоја купена карта преку мене добивате две подарочиња: интерактивен прирачник за комуникација со баби и дедовци, плус две бесплатни 60-минутни онлајн сесии (индивидуални, партнерски или семејни), зашто само една не ви врши работа. 🙂

 
 
 

Comments


Остани поврзана - Остави емаил

Сакаш повеќе вакви содржини? Придружи се на нашата мејл листа и добивај ресурси директно во твоето сандаче.

  • TikTok
  • X
  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • LinkedIn

© 2025 Леа Ризаова                     design by: Ana Iliana

bottom of page