top of page

Телата на мајките

Updated: Sep 5

Со помош на концептот на Стивен Кови за „острење на секирата“, минатиот пат го разбивме - да не речам расцепивме - митот за одморот како пасивен процес. Одморот, напротив, е навиката што ги овозможува сите други навики, активно и свесно полнење на нашите лични капацитети.


Но во пракса, не е сè така едноставно „наспиј се и готово!“. Ние сме комплексни битија и живееме комплексни животи со многу улоги и многу сфери кои меѓусебно си навлегуваат едни во други.


Сакам накратко да ви ја доловам големата слика зошто не смее одморот да се занемарува толку долго колку ние мајките што сме спремни да го занемаруваме...



Комплексни ... да! Искомплексирани ... НЕ!


Како зрели и здрави човечки битија, природно, меѓу другото, имаме потреба од авантура, новитети, изненадувања, а во исто време имаме и друга потреба од сигурност, стандард, предвидливост. Овие потреби се контрадикторни, но ги имаме во исто време и ги задоволуваме на различни начини.


Можеби рутината на твоето бебче или предвидливоста на работата што ја работиш те гушат до солзи. Но, од друга страна, секој пат кога партнерот ќе ти каже дека излегува во кафана со другарите, ама заборавил да ти најави, нештата се балансираат со непредвидливоста на кавгата што ќе избие. (Се обидувам да се шегувам, но ако ова си ти и ич не е смешно - пиши ми одма . Не чекај, дури не си прегорела и платила со брак, здравје или нерви).



работа одмор баланс, лични граници, како да поставам граници, семејно советување скопје, психолог, психотерапија, психолошко советување онлајн, rabota odmor balans, licni granici, kako da postavam granici, semejno sovetuvanje skopje, psiholog, psihoterapija
Знам дека летниот распуст беше сè освен одмор за тебе.

Сонот на мајките


Без разлика дали се занимаваме со креативна работа, физички труд или интелектуални задачи, нашето здравје е прво и најважно. На телото му е потребен простор и шанса да се регенерира ако сакаме да постигнеме ниво на успешност што не е само одржливо, туку и генеративно - преку работата да создаваме промена и значење.


Еден од најмоќните начини да го одмориме телото е преку сонот. Не зборам за „ќе спијам повеќе овој викенд“, туку за континуитет. Науката предлага период од најмалку 21 ден редовна таканаречена хигиена на сонот во кој му дозволуваме на телото да влезе во стабилен ритам. Моето искуство со успешни професионалци како клиенти ми покажува дека токму три недели редовно спиење се потребни за обновување на енергијата. Ако циклусот се прекине прерано, повторно запаѓаме во шемата на хроничен умор. Но, ако изградиме стабилен ритам, многу полесно надоместуваме кога ќе отстапиме една вечер.


работа одмор баланс, лични граници, како да поставам граници, семејно советување скопје, психолог, психотерапија, психолошко советување онлајн, rabota odmor balans, licni granici, kako da postavam granici, semejno sovetuvanje skopje, psiholog, psihoterapija
Сонот е првото нешто што го жртвуваме кога имаме бескрајна листа на задачи.

Да, звучи прекрасно на хартија (добро, на екран)… додека не се сетиме дека живееме во реалниот свет. Кај мене тоа изгледа вака: еден ден премногу шолји кафе, друг ден брза вечера што ми прави киселини, трет ден дете што ме буди во 3 сабајле… и ете ти го „совршениот“ план. Но, јас не целам кон совршенство, туку кон тоа повеќето денови да работат во прилог на моето тело, а не против него.


Три клучни фактори за подобар сон


  1. Нутриенти за твоите клетки

Телото реагира не само на тоа што јадеме, туку и кога и во какви комбинации

- Премалку протеини = немаме материјал за обнова на ткивата. 

- Премалку масти = хормоните ни страдаат, вклучително и оние за спиење. 

-Хаотичен внес на јаглехидрати = скокови и падови на енергијата низ денот.

Исхраната знае да биде тешка тема. Жени сме и цел живот сме опседнати со диети и рестрикции. Ако работиш на изглед или тежина - работи со фитнес тренер или со нутриционист, но ако сакаш да работиш со мене за оптимизирање на успехот преку оптимизирање на храната - почни денес со запишување во дневник на исхраната три недели. Без диети и без осуда, тоа е одличен прв чекор кон промените кои ќе го подигнат твојот животен стандард на ниво за кое не се осудуваш ни да сонуваш.


  1. Свесно конзумирање супстанци

Како на секоја реклама каде нè повикуваат да конзумираме одговорно... 😄Кофеинот, алкохолот и никотинот се најчестите супстанци што ги користиме за да си го подобриме - или во најмала рака промениме - расположението во секојдневието. Многу е тешко да се откажеме од „лошите навики“ ако не разбираме за колку точно од нашите проблеми се тие виновни. Во коучингот за оптимална продуктивност работев со следење на промените во навиките и нивните ефекти. Дополнително, разбирањето на системската улога што овие „навики“ ја имаат во твојот живот може да ти отвори очи и да го направи откажувањето прашање на избор и лојалност или двигател на позитивни промени.


работа одмор баланс, лични граници, како да поставам граници, семејно советување скопје, психолог, психотерапија, психолошко советување онлајн, rabota odmor balans, licni granici, kako da postavam granici, semejno sovetuvanje skopje, psiholog, psihoterapija
Секој си има различен внатрешен часовник - колку си го слушаш својот?
  1. Штелување на внатрешниот часовник

Секој од нас си има свои природни времиња за работа и одмор, диктирани од нашиот личен биоритам. Ова е многу индивидуално и зависи од возраста, животната фаза и индивидуалната биологија. Но, кога ќе ги регулираме исхраната и супстанците, тие времиња стануваат поочигледни: ќе знаеш во кој период од денот си најкреативна, кога е најдобро да одмориш, а кога да ја завршиш најтешката работа. И тука, една мала промена во распоредот може да доведе до голема промена во управувањето со животната енергија (на пример, можеби повеќе ти одговара да вежбаш навечер наместо наутро, а ти цело време си се терала да стануваш во 6 сабајле и си се измачувала).


Кога исхраната е приближно балансирана, кога кофеинот и алкохолот имаат свое време и место и кога се усогласуваме со сопствениот биоритам, телото почнува да соработува со нас, наместо да нè сопнува.


Природно, колку и да си свесна и едуцирана на темата, нема нешто што може да го замени човечкиот контакт, безрезервната поддршка и едноставното, но толку ретко чувство дека си видена таква каква што си.


Не се сомневам во тебе и во вистината дека можеш сè да направиш сама.


Но вистина е и дека ама баш ништо не мораш да правиш сама.


Напротив, да бидеш прифатена и поддржана во визијата што ја имаш за себе и своето семејство е првиот чекор кон поубаво утре. Јас имам образование и искуство со ваквиот посебен тип на коучинг за висок перформанс и постигнување баланс со работата, па ако ти треба некој да е на твоја страна во овој матен период, дај закажи си уште денес.



Comments


Остани поврзана - Остави емаил

Сакаш повеќе вакви содржини? Придружи се на нашата мејл листа и добивај ресурси директно во твоето сандаче.

  • TikTok
  • X
  • Instagram
  • Facebook
  • YouTube
  • LinkedIn

© 2025 Леа Ризаова                     design by: Ana Iliana

bottom of page