ИнстаБаланс
Со големо задоволство и возбуда сакам да споделам со она што со нетрпение го чекавме конечно е тука! Вебинарот "ИнстаБаланс: Стратегии за тренирање на алгоритмот да го штити нашето ментално здравје" е спремен и чека на вас. 🌟
Стратегии за тренирање на алгоритмот да го штити нашето ментално здравје
Знам колку може да биде тешко да се најде правилниот баланс во користењето на социјалните медиуми - место каде што инспирацијата и креативноста често се мешаат со притисокот и анксиозноста. Токму затоа, го создадов овој вебинар со многу љубов и грижа, имајќи ве на ум, со цел да ве инспирирам да ја пренасочите енергијата кон создавање здрава и позитивна средина за вас на Инстаграм со истите предзнаења и стратегии како неколкумина мои клиенти досега.
Погледни го вебинарот ИнстаБаланс тука:
Влијанието на Инстаграм врз нашето ментално здравје
Во рамките на вебинарот, ќе истражиме заедно:
- Како да ги идентификуваме содржините кои нè полнат со позитивна енергија и оние кои не ни служат.
- Стратегии за поставување на здрави граници со социјалните медиуми.
- Техники за ефективно користење на алгоритмот на Инстаграм во наша корист.
Јас сум тука да си кажам дека е можно да создадете простор на Инстаграм кој ќе биде ваш извор на радост и инспирација, а не на стрес. Сè што треба да направите е да кликнете на него и да се приклучите кон нашата заедница на истомисленици кои се стремат кон позитивна промена.
Ве молам, не се колебајте да ми пишете ако имате било какви прашања или потреба од дополнителни информации за вебинарот. Искрено се надевам дека ова искуство ќе ви донесе нови увиди и алатки кои ќе го обогатат вашето искуство на Инстаграм.
Со неверојатна благодарност,
Леа
